Општина Кавадарци започнува проект „Мој општинар“ за детектирање и решавање на проблемите на граѓаните

Од:

Општината е јавна институција која е сервис на граѓаните и работи во нивни интерес.Проектот „Мој општинар“ има за цел да ги детектира проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на овластувањето на надлежностите на општината, согласно законите за определени теми и статутот на општината.

Идејата е граѓаните да можат лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Со реализирање на овој проект се олеснува и поедноставуваат административните процедури за да го пријават својот проблем и да чекаат истиот да се разгледа па дури потоа да се дејствува со решавање, а добиваме еден транспарентен однос помеѓу општината и граѓаните. Односно, една секојдневна поврзаност на граѓаните со сите сектори, општинар кој ќе биде достапен за граѓаните и кој ќе претставува контакт за сите потреби, проблеми и нерегуларности во даден реон од градот.

Град Кавадарци е поделен на 10 реони. Секој реон има свој општинар кој ќе биде излезен на терен и ќе прима забелешки лично од граѓаните за проблемите кои можат да се решаваат а се во надлежност на локалната самоуправа. Општинарот ќе работи 5 дена во неделата од понеделник до петок. Секој ден, на крајот од работното време општинарот е должен да достави извештај од тековниот ден со сите информации и забелешки кај претпоставеното лице. Еднаш или два пати во неделата, во зависност од потребата на граѓаните во даден реон, општинарот ќе работи и втора смена. Еден општинар ќе биде задолжен за селата, ќе ги посетува по претходно утврден распоред. Исто така и на официјалниот сајт на Општина Кавадарци ќе има посебен дел на „Мој општинар“, каде ќе има преглед на секој реон со дадени улици и општинар како и контакт од општинарот а и опција онлајн да се пријавуваат проблеми до општинарот на даден реон.

Главна цел на овој проект е собирање, издвојување, класифицирање и обработка на што повеќе податоци за проблемите недостатоците на условите за живеење на граѓаните како и проблемите произлезени од поедини фактори. Крајната фаза е класификација на проблемите и доставување до релевантните служби за нивно решавање и реализација.

Ваков проект се реализира за прв пат во Македонија. Моите надежи за успех на овој проект и надвор од Кавадарци се огромни. Се надевам дека после успешната реализација и успешното функционирање на проектот и другите градови во Македонија ќе го превземат овој транспарентен начин помеѓу општината и граѓаните.

Исто така во склоп на овој проект за прв пат во Македонија почнува да функционира и програмата ГИС. ГИС- от овозможува брза, лесна и сеопфатна можност за пребарување, просторен приказ и анализи на географските и други просторни податоци. Оваа апликација ќе им биде од голема помош на општинарите.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

Кавадарчанец си го убил братот па го закопал во помошен објект од заедничката куќа

Горан Наумовски

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил