Две непознати лица синоќа во 4:35 часот извршиле разбојништво над Р.Р. (30), возач на такси возило на такси станица на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје.
Како што информира МВР, додека оштетениот возел, бил запрен од две непознати лица, кои седнале на задното седиште и му рекле да вози во правец на населбата Чаир. По поминати 50-ина метри, едно од лицата извадило нож и му го ставил под грлото на возачот и му побарало пари. По ова Р.Р. им дал 3.200 денари, а едно од лицата го удрило со рака во пределот на лицето. Кога стигнале на улицата „Дижонска“, застанале на крстосницата со улицата „Божин Стојков“, каде оштетениот уште неколку пати бил удрен по лицето со тупаници од страна на двете лица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.