Непознат сторител синоќа во 23.55 часот во сервис на улицата „Илинденска“ во Скопје извршил разбојништво над 33-годишниот скопјанец Д.А.
Откако Д.А. го паркирал товарното моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сторителот го удрил со тврд предмет по главата. Оштетениот се онесвестил и паднал на земја, а кога се освестил забележал дека му биле одземени 7.000 денари и мобилен телефон.
МВР информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.