Ракометарите на Металург венеска беа поразени на гостувањето кај Целје со 34:25 во натпревар од 9. коло од СЕХА Лигата.
Домаќините во текот на целото прво полувреме беа во предност и на пауза заминаа со 15:12. Македонскиот вице-шампион успеа да го изедначи резултатот во 35. минута од натпревар на 16:16, по што следуваше серија од 6:1 за домаќините со која што повторно се вратија во резултатска предност, која што се зголемуваше до крајот на натпреварот.
Најефикасен кај победникот беше Тилен Кодрин со 10 голови, а голманот на домашните Урбан Лесјак имаше 19 одбрани. Кај Металург најпрецизен беше Халил Јагањац со осум голови.
Целје во моментов е на третата позиција со 17 поени, додека Металург остана на седмата со 9 поени.
Во следното, 10. коло од СЕХА Лигата се среќаваат екипите на Вардар и Металург.