(ВИДЕО) Бошкоски: Груевски заминува како криминалец и сигурно ќе си лежи

Од:

Овие денови најактуелна тема е кој го бранеше, а кој го рушеше Уставот. Не случајно ние од ОМ како вмровска опција зборувавме за рецидивите од „груевизмот“, за проблемите кои ќе се случуваат ако тој не замине од политичката сцена. За да ја спаси сопствената кожа беше спремен да предизвика војна во Македонија, заканувајќи се од позиција на избришан политичар, уште правеше напори да се извлече од живата песок.

„Сега успеа да го подели македонскиот народ, да се случи 27 април и да ги убедува граѓаните дека тие што влегле внатре го штителе Уставот, а тие кои беа во парламентот се против Уставот“.

Ова го кажа Љубе Бошкоски на отворањето на новиот штаб на Обединети за Македонија во Крива Паланка.

Тој истиот Никола Груевски во неговиот последен обид за спасување беше спремен да не втурне во граѓанска војна, а сега му остана само повторно да ги фаќа граѓаните на сентимент дека демек ќе дадел оставка од позицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба сите да не фати патетика зошто ќе не напуштел.

Тој заминува како криминалец, како штеточина, и тој сигурно ќе се лежи, зошто многу зло нанесе, рече Бошкоски од Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска