Кривичниот суд-Скопје денеска одлучи дека обвинетиот Јордан Ристовски е виновен.
Петообвинетиот во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, кој вчера на рочиштето самоиницијативно призна вина, доби условна казна затвор од 6 месеци ако во рок од 2 години не изврши друго кривично дело.
„Минатата недела разгледувајќи ги дејствијата за кои сум обвинет сакам да изјавам дека се чувствувам виновен и се каам за делото“, изјави вчера петтобвинетиот Јордан Ристевски, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ.
На пресудата нема да се жали ниту Ристовски, ниту СЈО.
Претходно, вината ја призна и се покаја и актуелниот советник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Томислав Лазаров, за што доби 6-месечна условна затворска казна.