Африканската држава Танзанија денеска остана без струја поради дефект, соопшти државната енергетска компанија ТАНЕСКО.
Дефектот се случил во раните утрински часови. Компанијата информираше дека работи забрзано на негово отстранување и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.