Вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали продолжи да еруптира и денеска, создавајќи столб чад висок 4.000 метри.
Индонезиските власти повикаа 100.000 жители на околните населени места да се евакуираат, со што ќе се испразни простор во радиус од 10 километри околу вулканот.
Стотици летови се одложени или откажани поради опасноста што вулканската прашина ја предизвикува за авионските мотори.
Вулканот предизвикува потресе и испушта чад од септември, и експертите стравуваат дека е можна голема ерупција како таа во 1963 година која уби 1.100 луѓе.