Заев во Будимпешта на Самитот 16+1, ќе се сретне со премиерите на Кина и Унгарија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска заминува за Будимпешта, каде што ќе учествува на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа кој се одржува од 26-28 ноември во главниот град на Унгарија.

Во официјалната делегација на Република Македонија на самитот, што ја предводи премиерот Заев се и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Роберт Алаѓозовски, министер за култура, Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, и национален координатор за за соработка со групата 16+1, како и Фатмир Бесими, советник за економија во Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија.

Делегација на Република Македонија на овој самит, познат и како Самит 16+1, ќе присуствува и на церемонијата на отворањето на економскиот, трговскиот и финансиски форум, како и во работата на пелнарната сесија на форумот, на која свое обраќање ќе има и премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, како и другите членови на владината делегација, за време на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, ќе имаат повеќе билатерални средби и состаноци.

Во вторник, на 28 ноември, Премиерот Зоран Заев ќе има средба со Ли Кечијан, премиерот на Народна Република Кина.

Истиот ден, Претседателот на Владата на Република Македонија ќе се сретне и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Би можело да ве интересира

Кина бара прекин на нападите и почитување на суверенитетот на Иран

Си направи голема „чистка“ во Кина

Лидерот на унгарската опозиција: На изборите избираме помеѓу Европа и турски совет на диктатори

А1он

Орбан бара унгарската армија да ја штити критичната енергетска инфраструктура

Бунфорт: Северна Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ

Орбан: Зеленски мора да знае дека со напад на Унгарија може само да изгуби