Новиот претседател на Зимбабве Емерсон Мнангагва денеска вети нови работни места, намалување на сиромаштијата и борба против корупцијата.
– Ќе отвориме работни места за младите и ќе ја намалиме сиромаштијата на целото население, изјави Мнангагва во првиот говор по стапувањето на должност како претседател.
Тој истакна дека корумпираните пракси треба веднаш да прекинат.
Новиот претседател најави демократски избори следната година, како што е планирано, и изјави дека земјата се обновува по 37-годишното управување на Роберт Мугабе.
Мнангагва нагласи дека земјата треба да ги надмине лошите политики од блиското минато.