Демократски сојуз: Во Дрисла не смее да се депонира радиоактивен отпад

Од:

Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на информациите (“сериозни индиции“) презентирани во јавноста, дека во депонијата ” Дрисла” во близина на Драчево, се уништувал радиоактивен отпад.

„Се работи за скандал со можни сериозни последици по здравјето на граѓаните и трајно загадување на животната средина.

Надлежните државни институции мораат најитно да реагираат и доколку се потврдат првичните информации да се преземат мерки за заштита на граѓаните и покрене постапка за одговорност на инволвираните во овој криминал.

Во Дрисла не може и не смее да се складира или уништува радиоактивен отпад.

Ја поздравуваме транспарентноста на Градоначалникот на Скопје, кој ги сподели овие загрижувачки информации со јавноста“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска