Дрога – причина за обидот за убиство

Од:

Причината за синоќешниот обид за убиство во скопската населба Ѓорче Петров, неофицијално била дрога.

Непотврдените информации се дека трите момчиња, М.М. (21), Д.А.(25) и Б.Ј.(24) се познавале од претходно и не биле во добри односи, а неодамна двајцата повредени го запалиле автомобилот на најдобриот другар на напаѓачот, јавува Нетпрес.

Синоќа ситуацијата ескалирала, па додека двете момчиња седеле на клупа во паркот во населбата Ѓорче Петров, напаѓачот дошол и испукал неколку куршуми во двајцата, по што избегал. 24-годишниот Даниел А. и Бојан Ј., вчера околу 20 часот, со прострелни рани влегле во полициската станица во Ѓорче Петров.

Полицијата трага по сторителот, а повредените се наоѓаат на скопските клиники.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов