Емерсон Мнангагва се врати во Зимбабве откако од почетокот на месецов се наоѓаше во егзил по разрешувањето од потпретседателската функција.
Тој се очекува да го заземе местото претседател на државата по оставката на долгогодишниот претседател Роберт Мугабе.
Откако пристигнал во Зимбабве, Мнангагва се сретнал со претставници на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, а во петок се очекува да положи заклетва како нов претседател.