Селекторот на Австралија, Ангелос Постекоглу поднесе оставка, иако неодамна успеа да им обезбеди пласман на „кенгурите“ на Светското фудбалско првенство во Русија следната година.
Оставката на селекторот доаѓа како резултат на разидување со лидерите на федерацијата.
Постекоглу е најуспешниот селектор во историјата на Австралија. Ја предводеше оваа земја на Мундијал во Бразил во 2014 година, една година подоцна до титулата азиски шампиони, а сега и до пласманот во Русија.
Тој е трет селектор кој избори настап на планетарните собири. Слична судбина доживеаја Берт ван Марвајк и Славољуб Муслин, кои иако изборија учество на СП, нема да ги предводат Саудиска Арабија, односно Србија.