Бугарски интелектуалци и јавни личности ја повикуваат БПЦ да ја прифати понудата на МПЦ

Од:

Во писмо испратено од бугарски интелектуалци, јавни личности, новинари и потомци на семејства од Македонија се повикува Бугарската патријаршија да ја прифати подадената рака на МПЦ за да ја преземе улогата на нејзина мајка-црква.

– Свесни сме дека проблемот со признавањето на автоќефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи, и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви, се вели во писмото.

– Христијаните од секогаш верувале дека Бог никогаш нема да ни даде да носиме крст, чија тежина не можеме да ја поднесеме. Очигледно ова што се случува е Божја промисла и доказ дека Бугарската патријаршија има потенцијал и достоинство прва да ја признае канонската самостојност на Македонската архиепископија и да ја воведе во заедничкото православно семејство, додаваат потписниците.

Спорните прашања меѓу двете цркви, според потписниците на писмото треба да се решат по пат на дијалог во името на љубовта.

– И како што вели нашиот Господ Исус Христос: За тоа дека сте мои ученици ќе Ве познаат по љубовта што ја имате еден кон друг!, се вели во писмото.

Потписниците апелираат до Неофит да го земе предвид македонското барање, кое беше испратено на 9 ноември, споменувајќи дека тој и покојниот Врачански митрополит Калиник во 1999 година биле првите бугарски архиереи од 1944 година, кои ги посетиле светите места во Македонија. Меѓу другото се споменува и дека тој два пати му укажал братско гостопримство на македонскиот архиепископ г.г. Стефан во 2014 и 2015 година.

Потписниците ја споменуваат и пораката, која покојниот пловдивски митрополит Арсениј ја испрати во отвореното писмо до бугарскиот патријарх Максим и до српскиот патријарх Павле во 2005 година: „Штом има држава Македонија, се подразбира дека во таа држава треба да има и православна христијанска црква, наречена „Македонска“.

– Немаме илузии дека прифаќањето на подадената рака ќе доведе и до спротивставени тенденции во православниот свет, кој и онака е исполнет со противречности. Сметаме дека дека засега неофицијалната изјава од канцеларијата на Светиот синод за планот за консултации по писмото од македонскиот Синод со останатите помесни цркви и дава можност на БПЦ овој пробллем да го наоправи општоправославен, се вели во писмото.

Потсниците велат дека истовремено таа идеја ја крие опасноста за уште неколку години да се одложи признавањето на македонската автоќефалност и затоа побараа од Неофит на консултациите со локалните цркви да им претстојат разговори со Светиот Синод на МПЦ.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?