Во Зимбабве започна седницата на Парламентот, на која ќе се разгледа барањето за отповикување на претседателот Роберт Мугабе, кој раководи со земјата 37 години.
– Сметам дека барањето е прифатливо, изјави претседателот на Долниот дом на Парламентот, Џејкоб Муденда пред членовите на двата парламентарни дома.
Според него, тоа барање е без преседан во историјата на независноста на Зимбабве од 1980 година.
На вонредна седница во неделата владејачката партија ЗАНУ-ПФ го отстрани од лидерската функција 93-годишниот Мугабе и ја исклучи од партијата неговата сопруга Грејс Мугабе.