Французинот Стефан Петерхансел победи на втората етапа на релиото Дакар 2013 возена во Писко.
Тој со својот Мини извозе време 02:35:38 часа, заврши 02:35 минути пред Јужноафриканецот во ТОјота Жиниел де Вије. Трет на целта стигна Французинот Шабо со 03:52 минути задоцнување.
Кај моторциклите победи Шпанецот Жоан Борт на Хускварна, пред возачот на КТМ Педреро и тимскиот колега Фиш.
Кај камионите повторно победи Жерард де Рој од Холандија со Ивеко, кој патката ја мина за точно 3 часа.
Утре се вози третата патека од Писко до Наска.