Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе за денеска свика седница на Владата на која дојдоа само пет министри и државниот обвинител, додека 17-те други членови на Кабинетот решија да присуствуваат на парламентарното заседание за отповикување на 93-годишниот лидер.
Владината седница е прв што Мугабе ја свика по интервенцијата на армијата минатата среда и масовните барања за негово повлекување од власта.
Владејачката партија Африканска национална унија на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) синоќа едногласно одлучи да почне процес за импичмент на Мугабе.