Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година во областа на воспитанието и образованието им се доделува на професорот и писател Венко Андоновски и на историчарот Наим Алими. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на музичарот Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева.
– Ова е одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06,54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, која ја донесе на седница одржана на седми ноември, соопшти Министерството за култура.