Научна трибина по повод 109 годишнина од Конгресот на албанската азбука ќе се одржи денеска во Битола.
Учесници на трибината се истражувачи албанолози од државни институции во Македонија, Косово и Албанија.
Покровител на настаните за одбележување на денот на албанската азбука е вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, кој ќе се обрати на трибината.