Средба на министрите во канцеларијата на претседателот во Хараре е свикана од страна на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе за утре, соопштија од неговиот кабинет.
Ова ќе биде прв министерски состанок, откако војската ја презеде власта во Зимбабве.
Мугабе е под притисок од армијата и Мнангагва, неговиот поранешен соработник и потпретседател, кого Мугабе се обиде да го разреши од функцијата. Тие бараат оставка од 93-годишниот претседател, а функционери од неговата партија соопштија дека тој се согласил да замине од функцијата.