Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе требаше да поднесе оставка до денес на пладне, според ултиматумот поставен од владејачката партија, но досега нема соопштение што се случува со 93-годишниот лидер на земјата.
За време на викендот Мугабе беше сменет од лидерската функција во неговата партија, а претседателот на соседна Замбија, повика Мугабе да се повлече на достоинствен начин, откако минатата недела армијата ја презеде власта во Зимбабве.
Според Си-Ен-Ен, Мугабе се согласил да се повлече од претседателската функција, само еден оден откако се обрати на нацијата, но неа најави дека ќе поднесе оставка.