Долгогодишниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе денеска се согласил да се повлече од функцијата претседател, јави телевизијата Си-Ен-Ен, само еден ден откако тој се обрати на нацијата, но не најави дека ќе поднесе оставка како што беше очекувано.
Функционери од владејачката Африканска национална унија на Зимбабве – Патриоски фронт (ЗАНУ-ПФ) на Мугабе изјавија дека Мугабе се согласил да се повлече.