Централниот комитет на владејачката партија на Зимбабве донесе одлука Роберт Мугабе да се смени од лидерската позиција во партијата и да почне процес за негово отстранување од функцијата претседател на државата.
За негов наследник е избран Емерсон Мнангагва, поранешен заменик лидер на Африканскиот национален сојуз на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ), кого Мугабе го отпушти претходно овој месец.