Единаесетгодишно дете од тетовско село Слатино, заедно со неговиот 41-годишен татко вчера околу 17 часот и 30 минути пријавиле дека дента околу 15 часот малолетникот бил нападнат и каснат од куче на локалниот пат во селото Теарце.
Настанот се случил кога момчето со тројца другари движејќи се пешки кон фудбалското игралиште во Теарце од двор од една од куќите истрчало кучето, се нафрлило врз него, го соборило и му нанело повреда на десната подлактица, а потоа избегало.
На малолетникот укажана му е лекарска помош, додека сопственикот на кучето е биде повикан во Секторот за внатрешни работи Тетово.