Опозицијата во Зимбабве повика на воспоставување преодна влада, додека Војската и натаму е на улиците на главниот град Хараре.
Во соопштение на опозициската партија на поранешниот министер за финансии Тендаи Бити се наведува дека преодната влада треба да ја сочинуваат „способни луѓе од Зимбабве кои би имале мандат за носење мерки за пресврт во економијата“, и кои ќе изградат подобро општество за сите.