Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини изјави дека таа дава силна поддршка за забрзување на евроинтеграциите на Србија.
– Се согласивме дека стабилноста и мирот се најважни за Србија и за Европската унија, рече Вучиќ.
Тој со Могерини разговараше во седиштето на Европската комисија, а од канцеларијата на Могерини пред средбата најавија дека основни теми на разговорите ќе бидат односите помеѓу Србија и ЕУ, напредокот на Србија на патот кон ЕУ, ситуациајта во регионот, како и дијалогот помеѓу Приштина и Белград.
– Разговаравме за исполнување на обврските од Поглавјата 23 и 24, за тоа кога нови поглавја ќе бидат отворени, но и за она најважното, а тоа е како сите заедно на Западен Балкан ќе го продолжиме својот европски пат и меѓусебната соработка, истакна Вучиќ.