Поранешниот победник на релито Дакар Карлос Саинц, триумфално мина на првата етапа од овогодинешното рели Дакар возена во Перу во должина од 13 километри.
Делницата ја мина за 7 минути и 40 секунди, втор на целта дојде Лусио Алварез во Тојота, а трет стигна Французинот Жерлан Шишери.
Во конкнуренција на моторцикли славеше Чилеанцеот Франсиско Лопез со 7:51 минути, а кај камионите прв стигна де Рој.
За првпат се развеа и македонско знаме, и тоа со настапот на Бугаринот Тодор Христов, кој настапува за тимот Бугарија Оф-роуд, но со македонска лиценца, а по првата етапа се најде на претпоследната позиција во конкуренција на квадови.
Втората етапа се вози утре во должина од 327 километри.