Актуелниот европски ракометен шампион со 42-32 славеше против тимот на Динамо Панчево во натпревар од СЕХА лигата.
Вардар на домашен терен го торпедираше тимот на Динамо Панчево. На полувремето македонскиот тим водеше со 20-17.
Најефикасен ракометар од редовите на Вардар беше Михајло Марсениќ со седум погодоци, додека Иван Чупиќ и Хоан Канељас постигнаа по шест.
Ова е седма победа во седмиот натпревар на Вардар во СЕХА лигата.