Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Од:

Вчера на магистралниот пат Битола-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Г.Б. (31) од Прилеп, „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Т. (35) од село Граешница, битолско и возило „Ауди А3“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.В. (19) од Битола.

Во несреќата на лице место починал возачот С.Т., а со тешки телесни повреди се здобиле и возачот Г.Б., кој што бил задржан на лекување во Медицинскиот центар Битола и 11 годишно дете од село Граешница.

Со полесни телесни повреди се здобиле и Ф.Т. (59) од Граешница и 7 годишно дете од истото село.

Смртта кај починатиот С.Т. била констатирана од страна на лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски