Мерко мирно ја примил одлуката Љабуништа да биде кандидат

Од:

Откако ДУИ одлучи Рамиз Мерко да замине во историјата, и наместо него како кандидат за градоначалник на Струга на локалните избори во март, да истрча актуелниот пратеник Арбен Љабуништи, Мерко за порталот Струга љајм изјавил дека мирно ја примил одлуката на централното претседателство. Тој кажа дека ќе ја почитува одлуката на партијата и оти активно ќе учествува во кампањата и ќе го подржува Арбен Љабуништа.

„Јас како градоначалник на општина Струга сум осум години и за тоа време се обидов да направам добри работи во корист на граѓаните. Јас сум претседател на ограникот на ДУИ во Струга и нормално е дека ќе се земам активно учество во изборната кампања со подршка на нашиот кандидат и ќе придонесам тој да победи на овие избори“, изјавил Мерко.

Мерко негира дека му било ветено заменичко министерско место или друга позиција во централната власт како компензација што нема да биде кандидат за градоначалник на Струга пренесува порталот. Мерко на само неколку дена пред одлуката на ДУИ, јавно изјавуваше дека е сигурен дека тој ќе биде кандидат и оти е прашање на денови кога неговото име официјално ќе биде соопштено.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он