На 18. Есенски музички свечености вечер ќе гостува Женскиот младински хор „Јубилате“ од унгарската хорска школа „Золтан Кодај“. Хорот ќе одржи концерт во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ од 20 часот по повод 50 години од смртта на унгарскиот композитор Золтан Кодај (1882-1967).
Првично оформен како детски хор, „Јубилате“ подоцна прераснал во женски младински и во моментов е единствен црковен училишен хор во училиштето „Золтан Кодај“ во Унгарија што постои од 1988 година.
Женскиот младински хор „Јубилате“ ќе настапи под диригентство на Ференц Шапзон, кој е носител на голем број признанија, меѓу кои и на наградата „Франц Лист“.