Владимир Путин, Си Џинпинг и Доналд Трамп ќе учестуваат на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Виетнам, а тие тројца заедно претставуваат 40 отсто од светската популација и 60 отсто од глобалната економија.
Како што проценува агенцијата „Блумберг“, во дискусиите на тројцата лидери на самитот ќе доминираат жешките светски теми, помеѓу кои и прашањето за нуклеарното вооружување на Северна Кореја, тензиите помеѓу Саудиска Арабија и Иран, како и кредибилитетот на САД по повлекувањето од трговскиот договор за Транс-пацифичко партнерство.
Се очекува Трамп и Путин на билатерална средба да разговараат и за руското мешање во изборите во САД, како и за ситуацијата во Сирија.