Скопјанецот А.Ј. вчера пријавил во полиција дека во Основното училиште „26-ти Јули“ лицето З.К. (50) од Скопје, наставник во училиштето, физички го нападнал неговиот 12- годишен син.
МВР информира дека според пријавата, тој го удрил детето во пределот на лицето, со што му нанел видлива повреда во вид на црвенило од левата страна на образот.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.