(ВИДЕО) Заев: Сакавме да го спречиме банкротот на државата

Од:

Отворен граѓански парламент вечерва се одржа и во Струмица. Градоначалникот на Струмица Зоран Заев повика власта да се вразуми. Тој додаде дека опозицијата ќе ги преземе сите демократски средства да ја отрезне власта.

„Кога се прогласува банкрот во државата знаете ли што се случува тогаш? Плати не стигнуваат, пензии не стигнуваат, а банките ги испорачуваат сметките за доспеаните кредити за ратите. Веднаш потоа доаѓаат извршителите со нивните трошоци, затезни камати, камати на камати и влегувате во бесконечен круг во кој што при банкротот не е најболно за државата, туку за народот. Сакавме тоа да го спречиме при носењето на буџетот. И аргументите дополнително ни се засилија. Кога гледаме дека земјоделецот оваа зима ја поминува тешко како никогаш досега, зема кредити за да плати струја, купува храна-произведувајќи храна, а не зборуваме дали ќе купи репроматеријали за пролетната сеидба. Во ова време кога на социјалците им доцни социјалната помош од 2.500 денари, во ова време кога човек кој има болно детенце не може да го лекува оти не е поддржувач на власта. Како што власта, која добила мнозинство гласови, има обврска пред граѓаните, така и опозицијата има обврска да биде отрезнувач, да биде коректор на власта. Да каже застанете малку, дај да седнеме и очекувавме дека ќе не седнат на маса. Но,наместо тоа извадија пендреци, тргнаа по пратеници во парламентот. И оттогаш не може да има демократија во оваа наша земја. Не можат да продолжат овие луѓе да владеат со земјата“, рече потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација