Ахмети се сретна со шефот на НАТО во Македонија, Бартол

Од:

Локалните избори, политичката состојба во земјата и регионот, како и интеграција на Македонија во НАТО, беа тема на разговор на денешната средба во Тетово меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и шефот на канцеларијата на НАТО во Македонија, Горазд Бартол.

На средбата, информираат од ДУИ, Ахмети ја коментирал одлуката на првостепениот суд за случајот Куманово, нагласувајќи ја итната потреба за да спроведе меѓународна истрага за случајот, да се разменат важни информации со Косово и Албанија, да се формира анкетна комисија во Собранието, слично како за случај „Сопот“, се со цел целосно расветлување на случајот, вклучувајќи ги мотивите и организаторите, без да се остават нејаснотии.

– Во наредните денови очекуваме и заокружување на нормативниот дел на Охридскиот договор преку јазична еднаквост, додека ДУИ останува посветена да го води реформскиот процес во земјата преку спроведување на итните препораки на Европската комисија, но и градење на добрососедски односи и надминување на споровите што ќе ни го отвори патот кон Брисел, рекол Ахмети.

Тој ги оценил изборите како демократски, слоборни и прифатливи за сите страни, и нагласил дека земјава има потреба за обединета и конструктивна опозиција за поддршка на реформите и прогресивните процеси во земјата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна