Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека платил 3,3 милиони евра, со цел да се реши од обвинувањата дека затајувал данок во Шпанија.
Португалецот е обвинет дека во 2011 и 2012 година, додека го водеше Реал Мадрид, ја оштетил шпанската држава за 3,3 милиони евра. Тој негираше, но сега плати и го затвори случајот.
– Изјавив дека мојата даночна ситуација е целосно легална. Ми кажаа дека е покрената истрага против мене и дека мора да се реши, па платив одредена сума. Не одговарав и не дебатирав, само платив и потпишав договор дека сум согласен, истакна португалскиот менаџер.
Мурињо е само еден во низата од светот на фубдалот кој е обвинен за затајување на данок, откако претходно шпанските власти ги обвинија Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Алексис Санчез, Радамел Фалко, агентот Жорж Мендез и други.