Владата го ревидира растот на БДП за годинава на 1,6 проценти од првично планираниот 2,2 проценти.
Министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата за буџетот за 2018 година истакна дека вакво ревидирање се прави првпат, но е важно бидејќи тоа е основата за проекциите за наредната година.
Како што рече, се планира растот наредната година да биде 3,2 проценти.
-Се очекува да заврши забавувањето што го имавме годинава и да има значително забрзување следната година, рече Тевдовски.
Стапката на инфлација се предвидува да биде 1,7 проценти.