Селекторот на Шпанија, Винсенте Дел Боске е прогласен за најдобар тренер во 2012 година, во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Дел Боске беше на чело на Шпанија со која го одбрани тронот на европското првенство во 2012 година во Полска и Украина. Тој во изборот беше убедливо прв со 231 бод. Ова за него е трето вакво признание од Институтот, претходно беше најдобар и во 2009 и во 2010 година.
Топ 5 тренери за 2012 во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
1. Винсенте Дел Боске – Шпанија 231 бод
2. Чезаре Прандели – Италија 83 бода
3. Луис Фернандо Тена – Мексико 70 бода
4. Јоаким Лев – Германија 48 бода
5. Херве Ренард – Замбија 38 бода.
Изборот на најдобар тренер се организира од 1996 година.