АВМУ: Радио Скопје и ТВ Нова го прекршиле Изборниот законик

Од:

Првиот програмски сервис на Македонското радио (Радио Скопје) и ТВ Нова го прекршиле Изборниот законик во текот на вториот круг за Локалните избори поради што ќе бидат поднесени барања до надлежен суд за покренување прекршочна постапка, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Според АВМУ, во тек на изборниот молк во емисија за земјоделците на Радио Скопје биле емитувани изјави од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

ТВ Нова, пак, соопштува АВМУ, во два наврата, на 26 и 27 октомври, последни денови од мониторингот на изборната кампања, ги прекршила лимитите за платено политичко рекламирање. ТВ НОВА емитувала повеќе од дозволените осум минути за платено политичко рекламирање на реален час емитувана програма за политичките партии во опозиција.

АВМУ најавува дека кон крајот на неделава ќе бидат објавени извештаите за начинот на известување на радиодифузерите за време на изборната кампања во вториот круг.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање