(ВИДЕО) ДИК: Гласањето се одвива непречено, излезноста до 13 часот е 24,38 проценти

Од:

Гласањето во вториот круг од локалните избори се одвива непречено и не се забележани никакви проблеми. Вкупната излезност во 35-те општини на 1.517 избирачки места до 13 часот изнесува 24,38 отсто, изјави на прес-конференција портпаролката на ДИИ Љупка Гугучевска.

Највисоката излезност до 13 часот е во Демир Капија и изнесува 48,91 отсто, а најмалата во Јегуновце 12,77 проценти.

Гугучевска рече ќе до ДИК не се доставени официјални известувања во врска со нерегуларности за кои известија одредени набљудувачи. ДИК, според неа, ќе се обрати до наведените избирачки одбори и уште еднаш ќе ги провери наводите изнесени во јавноста.

До ДИК до 14 часот не е поднесен ниту еден приговор за заштита на избирачко право од страна на граѓаните. Гугучевска потсети дека ДИК има отворена телефонска линија за пријавување неправилности 070 555 44.

Како што информира, излезноста на гласањето до 13 часот во вториот круг од локалните избори е 24,38 отсто од обработени податоци од 1.514 избирачки места во 35 општини. Највисока е излезноста во Демир Капија 48,91 процент, во Јегуновце 12,77 отсто. Излезноста во Боговиње е 21,03 проценти, Брвеница 19,45 проценти, Бутел, 27,61 процент, Виница 30,14 проценти, Врапчиште 19,81 процент, Гази Баба 26,48 проценти, Гостивар, 19,43, проценти, Градско 11,08 проценти, Дебар 18,74 проценти, Демир Капија 48,91 процент, Долнени 24,75 проценти, Желино 22,68 проценти, Зрновци 38,69 проценти, Јегуновце 12,77 проценти, Кавадарци 39,4 проценти, Карбинци 30,6 проценти, Кисела Вода 27,99 проценти, Липково 17,16 проценти, Македонска Каменица 42,42 проценти, Македонски Брод 44,92 проценти, Могила 21,07 проценти, Новаци 35,73 проценти, Пробиштип 38,22 проценти, Росоман 33,9 проценти, Сарај 22,24 проценти, Старо Нагоричане 27,51 процент, Струга 21,32 проценти, Студеничани 20,34 проценти, Теарце 17,7 проценти, Тетово 19,63 проценти, Чаир 22,14 проценти, Чашка 25,47 проценти, Чешиново-Облешево 29,17 проценти, Штип 38,46 проценти и Шуто Оризари 19,01 проценти.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДИК: Потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

А1он

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд