Заев во Чаир: Ни требаат чесни политичари кои ќе ги слушаат граѓаните

Од:

Чаир е пример на мултиетничност, Висар е лицето на едно општество за сите. Овој концепт го градиме мудро и посветено, го препозна цела Македонија, мора да го препознае и знам дека го препознава и општина Чаир. Да не дозволиме повеќе национализми, победата ќе блеска како што му личи на Чаир, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево во скопската општина Чаир.

Претседателот Заев рече дека „Чаир преку програмата на Висар Ганиу има можност да се развива во урбана општина и гордост на сите”.

-Зарем има повредно од инвестирање на парите на граѓаните во вистинските потреби. Дел од Чаир нема вода, дел нема канализација. Висар има амбициозна програма, решавањето на сообраќајниот режим, капиталните проекти, градинки, училишта, тоа е иднината.

-Само ни требаат чесни политичари кои ќе ги слушаат граѓаните. Знам дека имаме чесен човек. Го подготвивме новиот Буџет, веќе ги вградивме парите за Чаир и за Град Скопје, соопшти Заев.

-Нашата опција е Висар Ганиу кој ќе биде градоначалник на сите граѓани и заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе донесе живот за сите во Чаир и во Скопје. Во недела да заокружиме број 3 и да прославиме живот за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во скопската општина Чаир.

-Вашите идеи ги прифативме и се во Програмата, баравме и критики, тие ни помагаат да го избереме правиот пат. Гласајте за број 3, ќе ве претставувам сите вас, ќе работам во служба на граѓаните, се обврза кандидатот за градоначалник на Чаир на ДУИ, кого го поддржуваат СДСМ и коалицијата, Висар Ганиу.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС