Петанесетгодишен малолетник , вчера во автобус во Скопје бил нападнат од страна на повеќе ученици, при што се здобил со повреди.
Како што соопшти МВР, во 19:35 часот вчера од Градската општа болница “Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив дошол 15-годишник од с.Никиштани, скопско, ученик од Средно училиште “Цветан Димов“ со повреди здобиени од физички напад, кој се случил на бул. „Партизански Одреди“ во автобус бр.22.
– Оштетениот во автобусот бил нападнат од повеќе ученици. Од страна на лекар констатирани му се телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, наведуваат од МВР.