За иновации искористени само девет проценти од расположливите 9,5 милиони евра

Од:

За иновативни проекти Македонија искористила само девет проценти од вкупно 9,5 милиони евра што и се на располагање преку проектот за поддршка од Светска банка, информира денеска директорот на Фондот за иновации и развој, Јован Деспотовски.

Парите треба да се искористат до средината на 2019 година, а во спротивно ќе треба да се побара продолжување на рокот, но, потенцира Деспотовски, не е добро ниту за државата ниту за економијата ако не може да покажат капацитет да апсорбираат десет милиони евра.

Според Деспотовски, досега финанисираните 20 до 25 проекти се многу мали и се претежно од ИТ индустријата. Клучни причини за слабата искористеност, оценува, се слабата информираност, ниското ниво на свест што претставува иновацијата и кои се можностите таа да биде финансирана и инструментите што им се на располагање на компаниите.

Како што најави Деспотовски, во соработка со Светска банка ќе се подготви комуникациски план преку кој ќе се работи на зголемување на свеста за реализација на иновациите, на проширување на пазарот за пласирање на средства, односно покрај старт-ап фирмите да се зголеми интересот и на малите и средни компании што постојат подолго на пазарот и имаат капацитет. Ќе се работи и на зголемување на опфатот на секторите од кои сега доминира информатичката технологија.

– Фондот ќе понуди практична поддршка на тие што имаат добра идеја како да ја стават на хартија согласно критериумите на Фонодот кои ги дефинираме заедно со Светска банка, која ни е финансиски партнер, да можат успешно да го поминат процесот на аплицирање, да го потпишат договорот, да ги добијат средствата и понатаму, повторно со техничка помош од Фондот, да можеме проектите да ги доведеме до успешна реализација, изјави Деспотовски, кој учествуваше на денешната трибина за комерцијализација на иновации во рамки на 43.издание на Меѓународниот саем „Технома“.

Би можело да ве интересира

WIPO – Пандемијата поттикна приватни и јавни инвестиции во иновации

А1он

(ИНТЕРВЈУ) Коста Петров: Само на последниот повик „Стартапувај“ ангажирани се над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Ана Ололовска

Состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации, ЕУ со поддршка на малите и средни компании

Ана Ололовска

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови

Ана Ололовска

Нова македонска стартап иновација за помош на најзагрозената индустрија од пандемијата со КВИД-19

Ана Ололовска