Конкурси на МОН за стипендии за средношколци во четири категории

Од:

Министерството за образование и наука денеска ги објави конкурсите за доделување стипендии за ученици во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година. Се работи за четири категории стипендии во различни износи кои ќе им се доделуваат девет месеци во текот на учебната година.

Сто и педесет стипендии во износ од 2.970 денари месечно МОН во 2017/2018 ќе им додели на талентирани ученици-спортисти. Педесет стипендии во висина од 2.970 денари месечно се наменети за талентирани ученици.

МОН ќе додели и 400 стипендии за социјална поддршка на ученици од средните училишта во износ од 2.200 денари месечно, како и 50 стипендии за ученици со посебни потреби во износ од 2.750 денари месечно.

Во конкурсите, објавени на интернет-порталот http://konkursi.mon.gov.mk, се наведени потребните услови и е поставена електронска пријава која треба да се пополни. Конкурсот е отворен од денеска и ќе трае до 5 ноември 2017, освен за кандидатите кои аплицираат за стипендиите за ученици со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски