Психолошки тестови за заштита на менталното здравје на децата

Од:

Неопходно е подигнување на свесноста за важноста на правилната употреба на психолошките тестови во Република Македонија во предучилишното и основното образование, а со тоа и важноста за превенцијата и заштитата на менталното здравје на децата.

Ова беше истакнато на научниот симпозиум за стандардизација на меѓународни психолошки тестови на тема: „Употреба на психолошки тестови во областа на предучилишно и основно образование во функција на унапредување на менталното здравје на децата во Република Македонија“, кој се одржува денеска во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје.

Симпозиумот го организира психолошката лабораторија при Институтот и е дел од циклусот презентации наречен „Научна среда“, кој се спроведува од неговото постоење.

– За да можеме да зборување заштита на менталното здравје мора да почнеме од нашите основни алатки, а тоа се психолошките тестови. За жал немаме тестови и затоа го покренуваме целиот овој процес на една стандардизација и културна адаптација на тестовите пред се меѓународните тестови што се употребуваат во странство, истакна проф. Елеонора Серафимовска од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања.

Таа посочи дека во втората сесија нивните психолози ќе разговараат за тоа да се направи цел сет тестови кои ќе треба да се употребуваат во предучилишното и основното образование. Додаде дека симпозиумот ќе биде прв чекор во стандардизација на основните инструменти со кои ќе се мери менталното здравје, а ќе работат на негова заштита.

– Улогата на нас психолозите во училиштата е многу важна. Психолозите се чувари на менталното здравје на учениците и наставниот кадар, рече претседателот на Комората на психолози на Република Македонија, Мирјана Јовановска Стојановска.

Таа појасни дека во Република Македонија не постојат стандардизирани алатки кои би ги користеле училишните психолози.

– Ваквата состојба е алармантна. Наша должност е да укажеме на надлежните органи дека потребата од психолошки алатки и нивно стандардизирање е во корист на превенција и одржување на менталното здравје на учениците. Грижејќи се за менталното здравје на учениците ние се грижиме за нашата и нивната иднина, додаде Јовановска Стојановска.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска