Тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, изјави дека ПСЖ плати премногу за напаѓачот Нејмар. Сепак, тој смета дека е многу поважно дали таквото трошење ќе продолжи или не.
– Се разбира, ова е многу голема сума. Фактот е што тие премногу платиле ова лето. Износот беше повеќе од очекуваното. Сепак, неопходно е да се разбере дали таквите трошоци ќе продолжат или ќе престанат, вели Бенитез во изјава за англиските медиуми.
За потсетување, Пари Сен Жермен на Барселона и плати 222 милиони евра за трансферот на Нејмар.