(ВИДЕО) Груевски: Нашата основна цел беше отворање на нови работни места, така ќе продолжиме и во иднина

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва во Таринци, општина Карбинци потенцираше дека дека таму во 2006 година имало 280 вработени, а на крајот на 2016. имало 55о вработени.

– Нашата основна цел во изминатиот период беше отворање на нови работни места, така ќе продолжиме и во иднина. Како што носевме фабрики, така ако успееме, а јас сум убеден дека ќе успееме да победиме и во Карбинци и во Штип. Таму имаме изградено наши капацитети човечки кои што знаат да носат инвеститори. И тие луѓе кои што во минатото работеа за Владата, за државата и носеа инвеститори во цела земја ќе насочат инвеститорите овде во Штип, во Карбинци. Тука да се отвораат нови работни места, рече Груевски.

Тој вети обезбедување на бесплатен и здрав оброк за учениците од прво до петто одделение.

– Општина Карбинци и Зоран Минов ќе овозможат можности за граѓаните за стекнување на сопствен дом. По симболична почетна цена од само 1 евро од метар квадратен на земјиштето и ќе ги укинеме или драстично намалиме комуналиите, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер