Китев: Кавадарци има огромен економски потенцијал за раст и развој

Од:

Кавадарци има огромен економски потенцијал за раст и развој, но, за тоа е потребна голема поддршка и од централната власт. Јас сум сигурен дека мојата лична блиска релација и со премиерот и со сите министри, ќе помогнат многу во лобирањето Кавадарци да добие финансиска помош од Владата за сите капитални проекти, рече денеска на прес-конференција Бетијане Китев, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата.

Според него, моментално само околу 20 отсто од буџетот на општината е наменет за капитални инвестиции. Останатите 80 проценти се трошат за плати и надоместоци, за социјални трансфери или за стоки и услуги, а средствата кои се наменети за капитални проекти се недоволни за развојот на Кавадарци. Токму во овој дел, додаде, е клучна улогата на централната власт која со капитални дотации и трансфери, директно го помага реализирањето на сите тие капитални инвестиции, како и помошта од Владата при подготовка на проекти за користењето на ЕУ-фондовите.

Меѓу капиталните проекти кои се предвидени со неговата програма да се реализираат Китев ги наведе гасификацијата, изградбата на градинката, на затворениот пазар и колекторскиот систем, реконструкцијата на улиците и булеварите, и други поскапи проекти, кои општината сама не може да ги покрие од сопствениот буџет.

– Почитувани сограѓани, искрено ви подавам рака и ве повикувам да ја избереме страната која значи развој на Кавадарци. Да ја избереме победничката страна. Страната на животот и промените, рече Китев на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија