Тедрос се предомисли, Мугабе сепак нема да биде амбасадор на СЗО

Од:

Директорот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус денеска на Твитер соопшти дека одлучил да ја повлече одлуката за именување на претседателот на Зимбабе Роберт Мугабе за амбасадор на добра волја на СЗО.

– Во изминатите неколику дена размислував за одлуката да го именувам Неговата Екселенција претседателот Роберт Мугабе за амбасадор на добре волја на СЗО за прашањето за незаразни болести во Африка. Како резултат на тоа, одлучив да ја повлечам одлуката за именување, стои во соопштението на Тедрос на Твитер.

Именувањето на Мугабе предизвика бурни реакции. Тој е обвинет за автократско владеење со Зимбабве, напади врз опозицијата, одземање на имотите на белите фармери и за општото осиромашување на африканската држава.

Директорот на СЗО претходно изјави дека оваа организација има пракса да именува вакви „амбасадори на добра волја“ со цел да сврти внимание кон одредено прашање, како на пример ангажманот на Анџелина Џоли како амбасадорка за бегалци или Малала Јузафзаи за прашањето на образованието. Сепак, Гебрејесус изјави дека СЗО ќе го преиспита изборот на Мугабе, по острите критики со кои се соочи.

Критиките за именувањето на Мугабе се совпаднаа со силните критики што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати кон Обединетите нации и по повлекувањето на САД од УНЕСКО. И Британија го критикуваше именувањето на Мугабе за „амбасадор на добра волја“.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски